Премиерот Заев во Прилеп: Владата е посветена на инвестирање во инфраструктурни проекти во сите општини, градежната офанзива не запира, новиот булевар е најмодерна градска сообраќајница

Претседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски присуствуваше на одбележувањето на пуштање во употреба на главната сообраќајна артерија во Прилеп, булеварот „Гоце Делчев“, која е реконструирана во најмодерна градска сообраќајница и покрај здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19.

„Прилеп треба да се гордее со овој булевар, современ булевар со пешачки и велосипедски патеки кој граѓаните го очекуваа долги години. Булеварот е со две коловозни ленти во едниот правец и две во другиот правец, меѓусебно одделени со зелен појас, во кој е поставено осветлувањето. Должината на реконструираниот булевар изнесува 560 метри и со комплетната реконструкција на улицата „Прилепски бранители“ со три коловозни ленти, Прилеп добива модерна сообраќајна инфраструктура“, подвлече Заев изразувајќи задоволство што градежната офанзива во Прилеп не запре и покрај пандемијата од коронавирусот.

Премиерот Заев, ја искористи приликата и на прилепчани им го честиташе празникот „Свети Никола“, патронот-заштитник на градот Прилеп, посакувајќи им здравје и успеси на сите граѓани на Општината.

„Знам дека заради пандемијата од  КОВИД-19 и во име на почитување на мерките за заштита од вирусот, годинешното прославување и одбележување на големиот празник „Свети Никола“ е поразлично во однос на претходните години и ќе изостане традиционалниот светиниколски ручек во центарот на Прилеп. Но, бидете уверени дека оваа отстапка од традицијата, оваа година е ваш голем придонес за здравјето на прилепчани и за спречување на дополнителното ширење на вирусот“, рече претседателот на Владата Заев, посакувајќи им здравје на граѓаните.

Тој подвлече дека и покрај нетрадиционалното чествување на празникот, граѓаните можат да бидат горди, поради работните успеси кои не запреа и за време на корона-кризата и кои се во интерес и обезбедуваат услови за подобар живот  на сите.

„И во оваа прилика, како и на секој јавен настап повторувам: Вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките. Убеден сум дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање“, порача Премиерот нагласувајќи дека Владата останува посветена на унапредување на работата на локалната самоуправа, во инвестирање во проекти од инфраструктурата во општините низ целата држава.


Премиерот Заев во Прилеп: За поздравување е континуираната реализација на започнатите проекти и покрај здравствената криза, која може да се надмине со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките

 

Претседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и работници од општествено-политичкиот живот од овој регион, присуствуваше на одбележувањето на пуштање во употреба на главната сообраќајна артерија во Прилеп, булеварот „Гоце Делчев“, кој по реконструкцијата доби лик  на најмодерна градска сообраќајница.

Премиерот Заев, ја искористи приликата и на прилепчани им го честиташе празникот „Свети Никола“, патронот-заштитник на градот Прилеп, посакувајќи им здравје и успеси на сите граѓани на општината и продолжи:

„Знам дека заради пандемијата од  КОВИД-19 и во име на почитување на мерките за заштита од вирусот, годинешното прославување и одбележување на големиот празник „Свети Никола“ е поразлично во однос на претходните години и ќе изостане традиционалниот светиниколски ручек во центарот на Прилеп.

Но, бидете уверени дека оваа отстапка од традицијата, оваа година е ваш голем придонес за здравјето на прилепчани и за спречување на дополнителното ширење на вирусот.

Со желбите за здравје, ви посакувам во иднина уште многу и многу години да го чествувате „Свети Никола“ во здравје и радости.

Сепак, може да се каже дека оваа година на еден друг начин го одбележувате овој ваш голем празник – Со работни успеси во интерес на граѓаните на општината.

И во време на пандемија не запре градежната офанзива во Прилеп и како резултат на тоа денеска официјално го пуштаме во употреба булеварот „Гоце Делчев“ како најмодерна градска сообраќајница со нов лик.

Прилеп треба да се гордее со овој булевар, современ булевар со пешачки и велосипедски патеки кој го очекуваа долги години.

Булеварот е со две коловозни ленти во едниот правец и две во другиот правец, меѓусебно одделени со зелен појас во кој е поставено осветлувањето. Должината на реконструираниот булевар изнесува 560 метра, и со комплетната реконструкција на улицата „Прилепски бранители“ со три коловозни ленти, Прилеп добива модерна сообраќајна инфраструктура.

Дозволете ми на крајот  уште еднаш да потенцирам дека е многу важно што Општината не дозволи ситуацијата со коронавирусот да ги запре реализацијата на проектите што локалната самоуправа ги предвидела во интерес на граѓаните.

И во оваа прилика, како и на секој јавен настап повторувам: Вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките.

Убеден сум дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање.

Владата на Република Северна Македонија секогаш ќе биде посветена на унапредување на работата на локалната самоуправа, во инвестирање во проекти од инфраструктурата во општините низ целата држава“.