Јавен повик за издавање на грантови на центри за странски јазици
Влада на Република Северна Македонија, Генерален секретаријат – Согласно Програма П – Мерки за справување со COVID – 19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со COVID – 19 кризата објавува:
Јавен повик за издавање на грантови на центри за странски јазици
1. Предмет на поддршка: Финансиска поддршка на Центри за странски јазици,
2. Право на учество имаат правни лица - Центри за странски јазици кои се регистрирани за вршење на дејност на училишта и одржување курсеви за странски јазици
На овој јавен повик немаат право на учество:
- Нерегистрирани Центри за странски јазици
- Центри за странски јазици кои се во постапка на ликвидацвија или стечај
3. Намена на средства
Со цел поддршка на Центри за странски јазици кои со Одлука на Владата на Република Северна Македонија за време на Кризата со Ковид 19 беа затворени, Владата на Република Северна Македонија, предвидува мерка за доделување на грантови чија висина ќе се оддреди согласно бројот на вработени.
4.Износ на поддршка
Износот на средства кој ќе биде доделен зависи од бројот на вработените, а основа за пресметка е износ од 43.500 по вработен.
5. Начин на аплицирање
Субјектите до Владата на Република Северна Македонија - Генерален секретаријат доставуваат електронско барање на e-mail: Cetvrt.Paket@gs.gov.mk.
6. Потребни документи за пријавување
- ТЕКОВНА СОСТОЈБА (документ не постар од Централен регистар не постар од 3 месеци);
- УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ ОД УЈП не постаро од 3 (три)месеци и
- СПИСОК НА ВРАБОТЕНИ ПО ОБВРЗНИК заверен од АВРСМ не постар од 15 дена
7. Краен рок за аплицирање
Барањето со пропратна документација се доставува на e-mail најдоцна до 28.12.2020, 11:59 часот.
Напомена : Барањата за финансиска поддршка за Центри за странски јазици ќе се разгледуваат по принципот ПРВ ДОЈДЕН ПРВ УСЛУЖЕН (Барањето кое нема да биде комплетно ќе го завземе последното место по реден број на поднесување на датумот на комплетирање на барањето)
За потврда на веродостојноста на податоците во поднесената документација Владата на Република Северна Македонија ќе изврши проверка со УЈП и АВРСМ.
Комисија формирана од Владата на Република Северна Македонија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листи на поднесени барања.
Листа на одобрени барања на средствата за Грантови за Центри за странски јазици ќе биде објавен на веб страна на Владата на Република Северна Македонија.
За подетални информации да се обратите на :
Тел: 02 3220 095 е-маил: Cetvrt.Paket@gs.gov.mk