Димовски на регионалниот состанок на министри за земјоделство во Будва
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски заедно со колегите од регионот присуствуваше на регионалниот состанок на министри за земјоделство, чиј домаќин беше црногорскиот министер, Тарзан Милошевиќ.
На состанокот министрите за земјоделство ги поздрави и премиерот на Црна Гора Игор Ликшиќ кој рече дека најдобро за земјите од регионот е да настапуваат заеднички на пазарите на ЕУ и другите нови пазари кои се отвораат, наместо да си бидат конкуренција едни на други. Тој ја оцени позитивно регионалната соработка која се одвива преку Постојаната работна група за регионален рурален развој SWG.
Министрите заклучија дека регионалната соработка е добра и оти досега многу помогна во однос на евроинтегртивните процеси.
Министерот Димовски им понуди помош и соработка на останатите земји во подготовка на документи и обука на вработени.
Српскиот министер, Душан Петровиќ кажа дека после еден месец од потпишување на Договорот за фитосанитарна соработка и Договорот за соработка во областа на безбедноста на храна и ветерина со Македонија веќе се чувствуваат ефектите.
Договорено е такви договори да ги потпишеме и со Црна Гора и Федерација на Босна и Херцеговина.
Со Хрватскиот помошник министер за земјоделство, Лика Чуљак, министерот Димовски договори соработката да продолжи исто како и со поранешниот министер за земјоделство Петар Чобанквич.