Премиерот Заев и раководството на ЕСМ за плановите и процесот на енергетска транзиција
Ве известуваме дека утре, 10.02.2021 година (среда), со почеток во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, претседателот на Управен одбор и генерален директор на Електрани на Северна Македонија-ЕСМ, Васко Ковачевки и директорот на Рударско-енергетскиот комбинат-РЕК Битола, Златко Ќурчиевски.
На прес-конференцијата ќе биде презентиран процесот на „енергетска транзиција“, кој подразбира премин од конвенционалните извори, како централи на јаглен или друг вид на фосилно гориво, во производство од обновливи извори. Со цел да се обезбеди стабилноста на електроенергетскиот систем во земјава, целиот процес се одвива постепено.
Прашањата за оваа прес-конференција може да ги испратите на адресата на портпаролот на Владата, portparol@vlada.gov.mk најдоцна 30 минути пред почетокот на истата, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и за кого е наменето.