Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 54-та седница
Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 54-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.
На денешната седница, меѓу другото, ќе се разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, а на предлог на Министерството за финансии на дневен ред на седницата е и информацијата за унапредување на процесот на фискална децентрализација.
На оваа седница Владата ќе расправа и ќе донесе мислење за годишната програма за работа на Агенцијата за остварување на правата на заедниците за 2021 година, со вклучен годишен финансиски план.
За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска и која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.