Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, за пописните реони каде недостигаат попишувачи. Огласот трае од 18 до 20 март 2021 година. Објавата за конкурсот може да се најде на следниот линк
Сите заинтересирани лица да се пријават на конкурсот и на тој начин да придонесат во креирањето на сопствената иднина.
Врвен приоритет на Државниот завод за статистика, покрај успешното спроведување на оваа најважна статистичка операција, е и нејзино безбедно спроведување од здравствен аспект. Со доследно почитување на Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот, кој може да се најде на следниот линк, нема ризик од заболување.
За ангажманот лицата ќе добијат солиден надоместок, кој се пресметува врз основа на веќе воспоставена методологија.
Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 е од суштинско значење за иднината на Република Северна Македонија и сите ние имаме заедничка одговорност за негово успешно спроведување.