Премиерот Заев во посета на компанијата „БРАКО“ во Велес за промоција на инвестиции и на прво хидрогенско возило
На 24 март 2021 година, (среда) во 11:00 часот премиерот Зоран Заев, ќе ја посети компанијата од индустриската дејност „БРАКО“ во Велес.
Целта е промоција на инвестициите во вредност од 8 милиони евра во производствени погони, хали и машини како и на првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини кое веќе се извезува.
На настанот ќе бидат присутни и заменик-претседателите на Влада за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, како и министрите за економија Крешник Бектеши и за локална самоуправа Горан Милевски.