Јавен оглас за именување на претседател и член на Инспекцискиот совет
Институција која огласува:
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
09.04.2021
Врз основа на член 20 и член 21 од Законот зa инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С
за именување на претседател и член на Инспекцискиот совет
- Владата на Република Северна Македонија, ќе именува претседател на Инспекцискиот совет и еден член на Инспекцискиот совет од областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна.
- Советот има претседател и шест члена, кои функцијата ја извршуваат професионално, со мандат од четири години, со право на уште еден избор.
- За претседател на Инспекцискиот советот може да биде избрано лице кое:
- има државјанство на Република Северна Македонија;
- во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- има најмалку шест години работно искуство на раководно работно место, по дипломирањето;
- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик:
- ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).
- поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- За член на Инспекцискиот советот од областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна може да биде избрано лице кое:
- има државјанство на Република Северна Македонија;
- во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- има најмалку шест години работно искуство по дипломирање, во соодветната област за која е избран за член;
- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик:
- ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
- поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- Претседателот и член на Инспекцискиот советот не можат да бидат членови во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Северна Македонија или Владата.
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- пријава по оглас може да се преземе на следниот линк:
- кратка биографија;
- уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- доказ дека во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- доказ дека има најмалку шест години работно искуство на раководно работно место, по дипломирањето- за претседател;
- доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирање, во соодветната област за која е избран -за член;
- меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик:
- ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
- потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- Документите од точка 6 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса:
Влада на Република Северна Македонија
Бул. „Илинден“ бр. 2,
1000 Скопје
со назнака: „За јавен оглас за именување на претседател и член на Инспекцискиот совет“.
- Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е (15) петнаесет дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Пропратни документи: