Премиерот Заев на настан по повод 70 години од формирањето на Државниот архив на Република Северна Македонија

Ве известуваме дека денеска 01.04.2021 година (четврток) во 12:00 часот премиерот Зоран Заев ќе присуствува на свеченоста по повод 70 години од формирањето на Државниот архив на Република Северна Македонија. Настанот ќе се случува во НУ Музеј на македонска борба.

На настанот ќе бидат присутни и претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Ирена Стефоска и други претставници на институциите и гости.

Календар Влада: 
Четврток, Април 1, 2021 - 12:00 to 13:00