Седница на Владата во 13:00 часот и прес-конференција на премиерот Заев, министерот Филипче, заменик-министерот Хасани и епидемиологот Караџовски во 14:00 часот

Владата на Северна Македонија денеска во 13:00 часот преку видеоврска ќе ја одржи 63-тата редовна седница на која членовите на Владата ќе разговараат за актуелната состојба, текот и прогресот на активностите во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата јавноста ќе биде информирана на прес-конференција со почеток во 14:00 часот.

Прес-конференцијата ќе ја одржи претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот за здравство Илир Хасани и претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски.

Календар Влада: 
Понеделник, Април 5, 2021 - 13:00 to 15:00