Прес-конференција на Агенцијата за млади и спорт
На 23.04.2021 година (петок), со почеток во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обрати директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
На прес-конференцијата ќе се зборува за континуираното вложување и обезбедување услови за квалитетни спортски можности од страна на АМС и Владата која одобри 184,5 милиони денари, односно околу 3 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година од програмите за ковид мерките за спортските субјекти на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт, со што се создаваат услови за непречено спроведување на нивните активности и во овие вонредни услови заради пандемијата со КОВИД-19.