Премиерот Заев ќе се обрати на официјалното отворање на фабриката „Гересхајмер“
На ден 27.04.2021 година (вторник) со почеток во 10:00 часот, премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министрите за здравство и економија, Венко Филипче и Крешник Бектеши, како и со директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ќе присуствуваат на официјалното отворање на фабрика „Гересхајмер“ во Технолошко индустриска развојна зона Скопје 2, Бунарџик.
Станува збор за германска инвестиција од областа на фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Во првата фабрика на „Гересхајмер“ во Северна Македонија се произведуваат пластични системи за фармацевтската индустрија.