Владата ќе ја одржи 68-мата седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 68-ма седница, со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, која ќе започне во 19:00 часот, ќе биде разгледуван Записникот од Триесет и петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 3 мај 2021 година.

Според дневниот ред, на денешната седница, пред министрите ќе се најде Предлог - програмата за изменување и дополнување на Програмата за водостопанство за 2021 година.

На редовната седница, Владата ќе ги разгледува и Информацијата за кредитните барања кои ги исполнуваат условите за кредитирање по Јавниот повик бр. 1 за кредити од кредитната линија за поддршка на микро и мали претпријатија со можност за грант компонента (Ковид 3 кредитна линија), како и Информацијата за извршените и планираните активности во однос на претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година, предложена од Министерството за надворешни работи.
 

Календар Влада: 
Вторник, Мај 4, 2021 - 19:00 to 20:00