Премиерот Заев и министерката Шекеринска на воена вежба „Одлучен удар 21“

Денеска, 31.05.2021 година (понеделник), со почеток во 11:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе бидат дел од Денот на високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“, на Криволак.

На настанот ќе се обратат и претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски и заменик командантот за мобилизација на ВС на САД за Европа и Африка, бригаден генерал Џед Шаертл. 

Календар Влада: 
Monday, May 31, 2021 - 11:30 to 12:30