Прес-конференција на премиерот Заев и ресорните министри за одлуки од седница на Влада
На 08.06.2021 година (вторник) со почеток во 13:30 часот, претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција со ресорните министри за одлуките од седницата на Влада. Станува збор за предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи - Недела ден за неделен одмор, како и за Ребалансот на буџетот 2021 година.
Премиерот Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и со министерот за економија, Крешник Бектеши ќе се обратат за предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а потоа премиерот Заев заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе го презентираат Ребалансот на буџетот за 2021 година.