Премиерот Зоран Заев во еднодневна официјална посета на Тирана
Ве известуваме дека денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе оствари еднодневна работна посета на Република Албанија.
Премиерот Заев ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан. Со Самитот ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.
Премиерот Заев заедно со премиерот Рама на маргините на Самитот ќе го потпишат и Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.
Премиерот Заев попладнето и свечено ќе го отвори Културниот центар на Република Северна Македонија во Тирана.