Премиерот Заев ја предводи владината делегација на НАТО Самитот 2021 во Брисел
Денеска во Брисел, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ја предводи владината делегација составена од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на НАТО Самитот 2021.
Ова е прв НАТО Самит на кој Северна Македонија учествува како полноправна членка и прв НАТО Самит со 30 членки.
На Самитот владината делегација ќе учествува на состанокот на шефовите на државите и влади на Северноатлантскиот совет. Покрај состанокот, владината делегација има неколку билатерални средби, после кои премиерот Заев ќе има изјава за медиумите.