Премиерот Заев ќе се обрати на потпишувањето на договорите за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј од 100 мегавати
На 16.6.2021 година (среда) во 11:00 часот во Влада ќе биде потпишувањето на договорите за изградба на фотонапонска електрана по принцип на јавно-приватно партнерство во Осломеј од 100 мегавати.
На потпишувањето, официјални обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев, генералниот директор на „АД ЕСМ“ Васко Ковачевски, Атилла Учкардеш сопственикот на „Фортис енержи електрик“ од Турција, како и Константин Василев Ненов управителот на фирмата „ОСМ Солар-Скопје“.
Фотонапонската електрана од 100 мегавати е конципирана од две постројки од по 50 мегавати во кои „АД ЕСМ“ ќе биде јавниот партнер со компанијата „Фортис енержи електрик“ од Турција и со „Солар про“ од Бугарија.