Приведени 23 лица осомничени за инциденти во источна Македонија

Полицијата утрово приведе 23 лица во Виница и Кочани во рамки на акцијата „Детонатор“.

Како што информира портпаролот на МВР Иво Котевски, постојат индиции дека лицата биле вмешани во повеќето нарушувања на јавниот  ред и мир и инцидентите кои се случуваа во кочанско-виничкиот регион.  

- Извршени се претреси во две дискотеки и два објекта на правни лица, но и во домовите на осомничените. При претресите досега се пронајдени поголем број пиштоли, муниција, безбол палки, сабји, ловечко оружје и поголема сума пари, информира Котевски.

Приведените се доведени на информативни разговори во Полициска станица во Скопје.

- МВР подолг период работеше на прибирање оперативни сознанија и информации за делување организирана криминална група која на подрачјетото на источна Македонија ги тероризираште граѓаните и вршеше разни тешки кривични дела од областа на насилниот криминал, како што се изнуди, физичко насилство, напади, лихварство, недозволена трговија со наркотици и оружје, кривични дела од областа на економскиот и финасискиот криминал, како и даночно затајување, перење пари...појасни Котевски