![](https://vlada.mk/sites/default/files/img/2021/07/20/25960_vlada.mk.png)
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07) 20 Јули, вторник, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.