Премиерот Заев ќе се обрати по повод почетокот на изградба на браната на река Отиња, Штип
На 23.07.2021 (петок) со почеток во 14:00 часот, премиерот Зоран Заев ќе се обрати по повод почетокот на изградба на браната на река Отиња, во Штип.
На настанот покрај премиерот Заев, обраќања ќе имаат и вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и градоначалникот на Штип, Сашко Николов.
Инвестицијата на овој значаен капитален проект е во вредност од 306 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски.
Календар Влада:
Friday, July 23, 2021 - 14:00 to 15:00