Јавен оглас за именување директор на Фондот за осигурување на депозити
Институција која огласува:
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
30.07.2021
Врз основа на член 13 од Законот за Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија” бр. 63/2000, 29/2002, 43/2002, 49/2003, 81/2008, 158/2010, 43/2014, 15/2015, 153/2015, 27/2016 и 83/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за именување директор на Фондот за осигурување на депозити
- Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Фондот за осигурување на депозити, за период од четири години.
- За директор на Фондот за осигурување на депозити може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- е државјанин на Република Северна Македонија;
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- има минимум пет години работно искуство;
- да не е член на орган на управување или вработен во банка или штедилница;
- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: - ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- За директор на Фондот за осигурување на депозити може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство;
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- доказ дека има минимум пет години работно искуство;
- доказ дека не е член на орган на управување или вработен во банка или штедилница;
- меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Фондот за осигурување на депозити“.
- Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 3 работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Пропратни документи: