Премиерот Заев ќе пушти во употреба капитална инвестиција, систем за наводнување во валандовскиот регион

Денеска, со почеток во 10:00 часот, премиерот Зоран Заев ќе се обрати по повод реализација на втората фаза на „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар“.

 

На настанот покрај премиерот Заев, обраќања ќе имаат и заменик-претседателот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси ,Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, како и заменик-амбасадорот на Германија во земјата, Ото Граф.

 

Инвестицијата на овој значаен капитален проект во вредност над 24 милиони евра е од исклучителна важност за развој на земјоделското производство.

Календар Влада: 
Saturday, July 31, 2021 - 10:00 to 11:00