Премиерот Заев и министерот за здравство Филипче во реконструираната општа болница во Гевгелија
Денеска, со почеток во 11:30 часот премиерот Зоран Заев заедно со министерот за здравство Венко Филипче, ќе направат увид на реконструираната општа болница во Гевгелија.
Се работи за новоизградена современа хируршка сала и набавка на медицинска опрема за салата за хирургија, центарот за дијабетес и одделот за физикална терапија.
После увидот на реконструираната болница, односно во 12:00 часот предвидени се изјави за медиумите од страна на премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче и директорот на болница, д-р Мите Крѓев.
Календар Влада:
Saturday, July 31, 2021 - 11:30 to 12:30