Бектеши, Груби, Бесими и Нуредини во посета на компанијата „Кипер маркет“: Поддршката за компаниите кои инвестираат во време на криза продолжува, дополнително ќе влијаеме на рамномерниот регионален развој

Министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за животна средина Насер Нуредини денеска ја посетија компанијата “Кипер маркет“ од Тетово која што е една од од 400-те компании кои добија грант за реализација на нова инвестиција преку Јавниот повик за зголемување на конкурентноста кој што го спроведе Министерството за економија.
На средбата, менаџментот на „Кипер маркет“ ги информираше за реализацијата на последната инвестиција во изградба на дистрибутивен центар, како и за плановите за раст и развој на компанијата во наредниот период.

Министерот Бектеши искажа задоволство што компаниајта “Кипер маркет“ која е една од најголемите во општина Тетово инвестираше во време на пандемија и со тоа го означи успехот за во иднина.

„Ова уште еднаш докажува дека во Северна Македонија се создава стабилна клима во однос на инвестициите и не само во привлекување странски инвестиции, туку и во поттикнување и стимулирање на растот на домашните инвестиции.Би  сакал јавно да му честитам на менаџментот, раководството, сопствениците на компанијата „Кипер маркет“ кои континуирано ги зголемуваат своите капацитети и не само во однос на зголемување на инвестициите, туку истовремено индиректно и директно влијаат на зголемувањето на другите економски капацитети.“ кажа министерот Бектеши.

Бектеши додаде дека од менаџментот е информиран дека „Кипер маркети“ соработуваат со скоро 50 локални добавувачи, што докажува дека покрај отворањето работни места директно од компанијата, тие влијаат и на растот на работните места во другите производствени компании во Република Северна Македонија.

“Во текот на изминатата година ние како Влада започнавме со мерки за директна финансиска поддршка за сите компании кои земаат храброст и инвестираат дури и во време на пандемија, го зголемуваат бројот на вработени дури и во време на пандемија и мило ми е што токму со оваа помош колку и да е мала за компанија како “„Кипер маркет“, со поддршка на Владата се зголеми нивниот капацитет. Сакам јавно да го повторам фактот дека со Законот за финансиска поддршка на инвестициите и другите владини мерки и програми Владата, Министерството за економија, сите централни и локални институции секогаш ќе бидат покрај инвеститорите за заеднички да ја зголемат благосостојбата во нашата земја за граѓаните“ кажа министерот.

Бектеши потенцираше дека со последните измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестициите кои веќе стапија на сила се зголемува поддршката на компаниите во останатите понеразвиени региони во државата, се со цел да има поголем регионален развој.

Генералниот директор на „Кипер маркети“, Висар Јакупи се заблагодари на поддршката од Владата и од Министерството за економија за реализација на инвестицијата во изградба на дистрибутивен центар во Желино, и потенцираше дека тоа за нив ќе продонесе за поголем раст и развој на компанијата.