Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во централното градско подрачје на град Скопје утре 07.09.2021 (вторник), почнувајќи од 11:00 затворени за сообраќај ќе бидат:
- ул. „11-ти Октомври" и ул. „Димитрие Чупоски" во правец на движење од ул. „Васил Главинов" до ул. „Филип Втори Македонски" , додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.
- Од 23 часот на 07.09.2021 до 11:00 часот на 08.09.2021 година, дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. „Даме Груев" на потегот од крстосницата со ул. „Македонија" до крстосницата со ул. „11-ти Октомври" и ул. „Филип Втори" на потег од Кеј „13-ти Ноември" до ул. „11-ти Октомври" и ул. „11-ти Октомври" на потегот од бул. „Кочо Рацин"до ул. „Даме Груев".
Согласно наведеното, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
За таа цел, Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.