Средба на министерот Кралев со делегација од Југозападниот универзитет од Кина
Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска имаше средба со делегација од Југозападниот универзитет од Ченгу, НР Кина, предводена од проректорот Динг Ренџонг.
- На средбата разговараа за досегашната соработка во образованието и науката помеѓу двете држави и за нејзино интензивирање во иднина. Од страна на гостите особено беше истакната благодарност до Министерството за образование и наука за посветеноста и поддршката во започнување на соработката помеѓу двата универзитета, информира МОН за средбата, на која присуствуваше и кинескиот амбасадор во Македонија Цуи Џивеј.
Југозападниот универзитет од Кина и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска потпишаа договор за соработка, што е и повод за доаѓањето на кинеската делегација во Скопје.