Прес-конференција на премиерот Заев и министерот Бесими за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на општините за нивна поголема самостојност

Ве известуваме дека денеска, 22.09.2021 година (среда), со почеток во 12:00 часот, премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими ќе одржат прес-конференција во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Предложените измени се во насока на подобрување на фискалниот капацитет за зголемување на приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, а со цел поголема финансиска самостојност и стабилност на единиците на локалната самоуправа.

Календар Влада: 
Wednesday, September 22, 2021 - 12:00 to 13:00