Владата ќе ја одржи 110-та тематска седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 110-тата тематска седница, на која ќе бидат разгледани информациите за извршени преговори за усогласување на заедничката Изјава за слободен проток на податоци во регионот на Западен Балкан и на заедничката Изјава за интероперабилен Западен Балкан.

Двете информации се операционализирање и започнување на заеднички активности и иницијативи на земјите од Западен Балкан кон зајакната регионална соработка за поддршка на дигиталната интеграција, размена на информации на отворен, интероперабилен, безбеден и сигурен начин, со фокус кон слободниот проток на податоци.

За заклучоците и одлуките од денешната тематска Владина седница, која што ќе се одржи со почеток во 9:30 часот, преку видео конференциска врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение.

Календар Влада: 
Friday, October 8, 2021 - 09:30 to 10:30