Разрешени 13 раководители на полициски станици во југоисточна Македонија

Тринаесет раководители, командири и началници во полициски станици во југоисточна Македонија се разрешени од должноста, соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. 

Меѓу разрешените е и началникот на СВР Штип Ѕвонко Каширски, под чија надлежност се и Кочани и Виница, местата каде што во изминатитет денови беше спореведена акцијата „Детонатор“. За прв човек на штипската полиција е назначен  Момчило Сталетовиќ, а замени добија и останатите разрешени полициски раководители. На досегашната должност останува само началникот на СВР Пробиштип.

Се истражува дали и зошто сменетите полициски старешини не реагирале за спречување на криминалните активност што го прекина МВР со акцијата „Детонатор“.

Акцијата продолжува, а министерката Јaнкулоска најави дека без исклучок ќе бидат санкционирани сите за кои ќе се утврди евентуална поврзаност.