Тодоров: Обуката на кадарот и организацијата се главните предизвици до следниот Светски ден на здравјето

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска најави дека обуката на кадарот и организацијата во болниците ќе бидат главните предизвици со кои ќе се справува македонското здравство до одбележувањето на следниот 7 април-Светски ден на здравјето.

- Оваа година повеќе ќе се фокусираме на обуката на здравствените работници и на зголемување на знаењето и вештините во здравството, подобра организација на здравствениот систем во делот на организација на пациентите и намалување на гужвите во болниците, изјави Тодоров по посетата на пукнтот за превентивни прегледи на Градскиот плоштад во Скопје, по повод 7 април-Светскиот ден на здравјето.