Владата ќе ја одржи редовната 127-ма седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 14.12.2021 година (вторник) ќе ја одржи редовната, 127-ма седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледувани повеќе предлог-закони и тоа: за изменување на Законот за Царинската тарифа и за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, изготвени од Министерството за финансии.
 
На предлог на Министерството за финансии пред министрите за разгледување и усвојување ќе се најде и Информација за формирање на Фондот за развој во рамки на Развојната банка на Република Северна Македонија со Предлог-одлука за одобрување на средства на Развојната банка за формирање на Фонд за развој.

За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Календар Влада: 
Tuesday, December 14, 2021 - 12:00 to 13:00