„На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо.
Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи: ориз, јајца и тестенини“, нагласи министерот за економија, Крешник Бектеши.
Според министерот, оваа одлука е со цел да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи, кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението.
Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.
Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.