Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Со пригодни активности Владата на Република Северна Македонија денеска ја одбележува 18 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа на ова патување како и екипажот на авионот.

На годинешното одбележување од смртта на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето на несреќата кај Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина, венци свежо цвеќе ќе положи државната делегација во која како претставничка на Владата е Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата, задолжена за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието на Северна Македонија и Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност како претставник од Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија.

Свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Борис Трајковски, во Бутел во Скопје, ќе положи владината делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Кирил Парталов, државен секретар за локална самоуправа, како претставници на Владата, денеска во Струмица ќе положат свежо цвеќе на споменикот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски.

Календар Влада: 
Saturday, February 26, 2022 - 00:00 to 23:45