Министерот Беџети се сретна со претседателот на Уставниот суд на Руската Федерација
Министерот за правда Блерим Беџети денеска имаше работна средба со претседателот на Уставниот суд на Руската Федерација, Валериј Зоркин.
Соговорниците на средбата размениле искуства од областа на уставното право и примената на принципот на владеење на правото. Средбата, како што соопшти Министерството за правда, е оценета како одлична можност за продолжување на дијалогот воспоставен меѓу двата суда и соработката на високо ниво меѓу Република Македонија и Руската Федерација.
Руската делегација вечер ќе биде примена од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Посетата на делегацијата на Уставниот суд на Руската федерација е прва официјална посета на Република Македонија која се реализира на покана на македонскиот Уставен суд.