Менфи Илјази, в.д. Заменик национален координатор за гранично управување

Менфи Илјази е роден на 01.09.1972 година во с.Здуње општина Гостивар. Основно и средно образование завршил во Гостивар.

Има завршено педагошки факултет на универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Каде се здобива со звање дипломиран професор по одделенска настава на турски јазик.
Работел како наставник во П.О.У Мустафа Кемал Ататурк од 1992 година до 2007 година.

Од 2007 година до 2008 година именуван е од страна на Владата на Република Северна Македонија како директор во управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија при Министерство за култура.

Од 2008 година до 2017 година работи како дипломиран професор на одделенска настава на турски јазик во П.О.У Мустафа Кемал Ататурк, воедно бил и одговорен професор во П.О.У Мустафа Кемал Ататурк.

Од 03.08.2017 година до 31.01.2020 година именуван е од страна на Владата на Република Северна Македонија како директор во управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на задниците во Република Северна Македонија при министерство за култура.

Од 01.02.2020 година до 15.12.2020 година именуван е за директор во управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија при министерство за политички систем и односи меѓу заедниците во Република Северна Македонија.

Од 15.12.2020 година именуван е како в.д Заменик национален координатор за гранично управување при Влада на Република Северна Македонија.
Зборува македонски, турски, албански и англиски јазик.


Телефон за контакт: 02/314 40 63, 070/314-177
Е-маил: menfi_ilijazi@moi.gov.mk