Тодоров: Намалувањето на буџетот на Министерството нема да се одрази на фунционирањето на здравствениот систем
Намалувањето на средствата во буџетот на Министерството за здравство нема да се одрази на функционирањето на здравствениот систем. Нема да дозволиме да има недостиг од инсулин, лекови, медицински материјали, плати за лекари итн.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров одоговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на водичот за рационално упатување на пациентите за покомплексни дијагностички процедури.
Тој посочи дека ќе има намалување на средствата во износ од 500 милиони денари во повеќе ставки, како што се оние кои ги опфаќаат програмите за кампањи, промотивни материјали, едукации итн.
Тие средства, додаде Тодоров, ќе се префрлат во Фондот за здравствено осигурување на Македонија.