Претприменички викенд на Економскиот факултет при УКИМ

Натпревар  на студенти  во изработка на најдобра бизнис идеја, обука за изработка на бизнис план  и предавања од  успешни претприемачи, ќе понуди првиот претпримнички викенд, што се одржува од денеска  на Економскиот факултет при Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Настанот, организиран по мотото „Од студент до претпримеач за еден викенд“ има цел да им овозможи на студентите да се здобијат со поголеми знаења за тоа што значи да се биде претпримач и да се започне сопствен бизнис. Тој е дел од кампањата на Владата  за поттикнување на претпрмачкиот дух кај младите преку соработка со универзитетите  и бизнис заедницата. 

Претпримачкиот викенд ќе се одржува  во пет универзитетски кампуси. Во тек на тридневниот настан тимови  од студенти ќе работат на своите бзинис идеи во консулатција со ментори и ќе слушнат искуства од искусни претпрмачи. Во недела ќе биде финалната презентација на  бизнис идеите при што стручна комисија ќе одбере еден  тим со најдобра бизнис идеја.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски  на отворањето на претпримачкиот викенд им порача на студентите да не се штедат  во посветеноста на своите бизнис идеи и да го дадат својот максиум во нивна реализција.  Претприемништвото,  според него, е состојба на умот.

- Не се фокусирајте да заработите пари бидејќи тие се последица на доброто работење.  Секогаш кога сум гледал некој што ги брка парите  тие му бегаат, а секогаш  кога сум гледал некој кој си работел на идејата и сакал да направи одличен прооизвод и услуга тогаш постепено со тек на време доаѓа до финансискиот успех. Затоа не се штедете! Млади сте и  перспективите се пред вас, истакна  Пешевски.  

Тој пред студентите ги претстави активностите што ги презема и планира Владата за поттикнување на претпримачкиот дух. Предвидено е формирање информативни канцеларии во улога на бизнис центар за фирми,  како и осум регионални центри за поддршка на мали и средни претпријатија и претпремништвото.  Се планираат и дополнителни намалувања на надоместот за регистрирање  бизнис за студентите во Централниот регистер. Преку проектот „Универзитетски spin - off  компании за најиновативните идеи произлезенеи од научно истражѕувачката дејност ќе се воведат грантови во висина од 20.000 евра. Со тоа,  наведе Пешевски, студентите во соработка со професорите ќе можат да ја комерциајлизираат својата идеја или проинајдок преку формирање т.н. универзитетски компании.

Пораки за успешна претриемничка кариера на студентите  упати и министерот за образование  и наука Панче Кралев. Присутно во секоја иднустрија, како на ниво на мали бизнсии, така и на корпорациско ниво,  претприемништвото  е често признавано како главниот економски двигател кон подобрување и експанзија, рече Кралев.

Според него, развивањето на претпримачкиот дух е повеќе од потребно, како во стопанството, така и во целокупното општетсво, во секојдневното работење и живеење.  Заложба на Министерството за образование и наука, посочи, е иновативното размислување и преторменичкиот менталитет преку обарзованиот процес да го овозможиме достапно за сите малди луѓе, бидејќи тоа е клучно за успех, како на личен план, така и за просперитетот и напредокот на севкупниот економски и општетсвен развој.