Премиерот Ковачевски ќе присуствува на настан во организација на Делегацијата на германското стопанство

На 31.3.2022 година (четврток) во 12:00 часот, на покана на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и Македонско-Германското стопанско здружение, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, ќе присуствува на настан кој ќе се одржи во хотел „Лимак“ во Скопје.

На настанот ќе присуствуваат и претставници на владините економски ресори.

Календар Влада: 
Thursday, March 31, 2022 - 12:00 to 13:00