Премиерот Ковачевски со воведно обраќање ќе ја отвори меѓународната конференција СЕФФ2022
Денеска, 30 мај 2022 година, (понеделник) во 10:00 часот во хотел Александар Палас, премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ќе ја отвори меѓународната конференција организирана од Министерството за финансии, на тема: „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.
Воведно излагање ќе има и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и Пол Кругман, нобеловец, професор и истакнат американски економист.
Календар Влада:
Понеделник, Мај 30, 2022 - 10:00 to 11:00