Редовна 49-та Владина седница
Владата на Република Северна Македонија денеска, 31.5.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 49-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледува Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Пред министрите за разгледување, на предлог на Министерството за економија ќе се најде и Информација во врска со усвојување на Планот за енергија и клима на Република Северна Македонија.
Меѓудругото, на денешната седница ќе се разгледува и Информација за усвојување на Национална стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Северна Македонија 2022-2025 година со акциски план за нејзино спроведување, изготвена од Министерството за финансии.
За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.