Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, денеска потпиша договор со директорката на Инспекцискиот Совет, Даниела Рендевска за давање на користење без надоместок на Софтверска програма за автоматизација на инспекциската постапка и инспекциското работење, кој вклучува :
- техничка документација за развиено софтверско решение,
- техничка подготовка за развиено софтверско решение за поврзување и размена на податоци со другите институции преку платформата за интероперабилност,
- изворен код за софтверско решение,
- тренинг материјали за корисници за софтверско решение,
- тренинг материјали за администратори на софтверското решение.
На ваков начин се олеснуваат процедурите и работата на Инспекцискиот Совет и се реализира едeн од нашите приоритети како Министерство за информатичко општество и администрација што се поврзува со процесите на дигитализација на државните институции.