Редовна седница на владиниот Комитет за претприемништво и иновации

Во Владата на Република Македонија денеска (четврток, 3 мај 2012 година) се одржа редовна седница на Комитетот за претприемништво и иновации со која претседаваше претседателот на Владата, г-дин Никола Груевски.

На денешната седница главна точка беше разгледувањето на процесот на реализација на заклучоците од Комитетот за претприемништво и иновации донесени на претходните седници.

Во тие рамки се разгледуваше прогресот на остварување на повеќе активности од сферата на образованието и науката, земјоделството, како и деловната регулатива, кои се насочени кон поддршка на претприемничките и иновативни процеси во Република Македонија.