Премиерот Ковачевски ќе го пречека шпанскиот премиер Санчез на првата официјална посета
На 31 јули 2022 година (недела) претседателот на Владата на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон ќе пристигне во еднодневна официјална посета на нашата земја.
Премиерот Ковачевски заедно со владина делегација во состав од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе ја пречекаат шпанската владина делегација предводена премиерот Санчез, со највисоки државни почести, во 17:00 на платото пред Владата на Република Северна Македонија.