Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Самит на Меѓународната платформа за Крим
На 23 август 2022 година (вторник) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе се обрати на Самитот на Меѓународната платформа за Крим, којшто ќе се одржи преку видео конференциска врска.
Самитот е предвидено да почне во 13:00 часот, а покрај државно-владиниот врв на Украина, претседателот, Володимир Зеленски, премиерот, Денис Шмигал, претседателот на тамошниот Парламент, Руслан Стефанчук, претставници од Крим, ќе присуствуваат и лидери на држави и влади на земји членки на НАТО, како и на ЕУ, меѓу кои претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерот на Канада, Џастин Трудо, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и присутни претставници од други држави од светот.