Премиерот Ковачевски во посета на Пробиштип, Ранковце и Крива Паланка
На 28 август 2022 година (недела) со почеток во 11:00 часот, премиерот Димитар Ковачевски придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод одбележување на Денот на рударите. На овој настан не се предвидени изјави за медиуми.
Потоа, во 13:00 часот премиерот Ковачевски ќе учествува на теренска активност - пуштање во употреба на хидросистем за наводнување Славишко Поле, во село Длабочица, Ранковце. По завршувањето на официјалниот дел, предвидени се новинарски прашања.