Денеска, во просториите на Министерство за Информатичко Општество и Администрација (МИОА), во која реферираше министерот Адмирим Алити, се одржа втората дебата која има за цел прелиминарна консултација со засегнатите страни во врска со законот за Централниот регистар на население, на која се разговараше за можните измени од правен аспект кои ќе донесат подобрување и најдобро функционирање на овој систем.
Преку овој систем граѓаните се информираат за податоците што ги имаат во институциите, кој пристапил до нив, кога и врз основа на кои законски прописи.
Вреди да се нагласи дека развојот на систем за Централен регистар на население останува една од клучните активности на МИОА, која е вклучена во Стратегијата за реформи на јавната администрација 2018-2022 година, во обид да се зголеми ефикасноста на јавниот администрација.
Нагласувајќи дека ваквите дебати се во интерес за преземање прогресивни чекори, министерот Алити им се заблагодари на сите учесници кои придонесоа со своите идеи и ставови во оваа насока.