На денешната седницата на Влада на Рeпублика Северна Македонија, а на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, усвоена e информацијата за повеќегодишната јавна набавка за Финансирање на активностите за реконструкција на филтер станица за вода за пиење во Берово, општина Берово.
Филтер станицата за производство на вода за пиење во Берово е изградена во 1984 година, но техничката опрема е застарена и и е неопходна реконструкција.
Проект е во согласност со Стратешкиот план на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2020-2022 година во кој како приоритетни цели се поставени развивање на модерна и современа инсфраструктура - канализациони системи за квалитетно собирање и одведување на отпадни води, изградба на системи за прочистување и третман на отпадните води како и приклучување на сите корисници на комунална инфраструктура – водовод и канализација.
Проектот ќе се реализира во текот на три години (2022, 2023 и 2024 г) за што МЖСПП од Буџетот ќе обезбеди финансиски средства за реализација на зафатот.