Ковачевски ќе се сретне со Генералниот секретар на ООН Гутерeш
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во рамките на посетата на Њујорк, ќе се сретне со Генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.
Според агендата предвидена е и средба на премиерот Ковачевски со Џесика Луис, помошник-државен секретар во Бирото за политичко воени работи во Стејт департментот.
Премиерот Ковачевски е поканет и денеска ќе присуствува на прием кај градоначалникот на Њујорк, Ерик Адам.
Во рамките на посетата на Њујорк, изминативе денови премиерот Ковачевски учествуваше и се обрати на Самитот за трансформација на образованието, на состанок по повод 30 години од Декларацијата за права на малцинствата и одржа предавање на Колумбија Универзитетот.