Премиерот Ковачевски ќе се обрати на презентацијата на „Проектот за поврзување на локалните патишта“
На 27.9.2022 година (вторник) во 10:00 часот, премиерот Димитар Ковачевски, ќе се обрати на настан по повод презентацијата на „Проектот за поврзување на локалните патишта“.
На настанот свои обраќања ќе имаат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и претставник на Светска Банка. Проектот за поврзување на локалните патишта во земјава, се реализира од Министерството за транспорт и врски, а со поддршка на Светска Банка. Целта е подобрување на патната инфраструктура.
Календар Влада:
Tuesday, September 27, 2022 - 10:00 to 11:00